Вести

Нашиот тим се пласираше во осминафиналето од Купот на Македонија откако денеска на Градскиот стадион во Кичево славеше против второлигашот Зајас со 2-4 (2-3).

 

Во рутински натпревар, без преголем напор, „црвено-црните“ стигнаа до победата со погодоците на Петров и Адемовиќ во првото полувреме, а Бојовиќ беше стрелец во вториот дел за заокружување на победата. 

 

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/16-ФИНАЛЕ

ЗАЈАС - ВАРДАР 2-4 (2-3)

Градски стадион во Кичево. Гледачи: 200. Главен судија: Зоранчо Темелков. Помошници: Гоце Недев и Горан Димитров (сите од Кавадарци). Делегат: Васко Дојчиновски (Скопје). Стрелци: Османи 6’, И. Исмаили 26’ (З); Петров 15’, Адемовиќ 18’, 30’ (п), Бојовиќ 61’ (В).

ЗАЈАС: Мустафовски, Таири, Асков, Османи, Шефа, Дани, Кадриу, В. Исмаили, Небиу, И. Исмаили, Шаќири

Резерви: Адили, Чупи, Ѓоргиоски, Османи, Небиа, Руфати

ВАРДАР: Захов, Митев (67’ Рељиќ), Бојовиќ (62’ Димитровски), Стојчевски, Цикарски, Петровиќ (45’ Темелков), Симјаноски, Јовановски, Хименез, Адемовиќ, Петров

 

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ! 

 

89’ - Хименез изби сам пред Мустафовски во одлична можност, но домашниот голман го брани неговиот удар од десеттина метри 

 

83’ - Зајас не реализираше удар од белата точка кој беше досуден по случајната игра со рака на Димитровски во нашиот шеснаесетник. Исмаили шутираше, но Захов го одбрани неговиот удар 

 

75’ - Убава можност за Зајас, но Османи не успеа да реализира 

 

67’ - И Роберт Митев поради повреда мораше предвреме да ја напушти играта. На негово место во игра е Стеван Рељиќ 

 

62’ - При постигнувањето на голот Бојовиќ заработи повреда на главата по што принудно е заменет. На негово место во игра е Димитровски 

 

ГООООЛ - 2-4 - 61’ - По корнерот од левата страна Бојовиќ одлично скокна во домашниот шеснаесетник и со глава ја затресе противничката мрежа 

 

48’ - Темелков одлично шутираше од слободен удар од 20 метри, но дирекот го спаси голот на домашните 

 

46’ - Стартуваше второто полувреме (Поради повреда Петровиќ мораше да ја напушти играта а на негово место во игра е Темелков)

 

45’ - КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

 

40’ - Небиу шутираше од далечина но пречката од голот на Захов спаси погодок на домашните 

 

ГООООЛ - 30’ - 2-3 - Пенал беше направен врз Петров по неговиот одличен продор во домашниот шеснаесетник. Един Адемовиќ е сигурен реализитор на ударот од белата точка за ново водство

 

ГОЛ - 2-2 - 26’ - Исмаил Исмаил во една безопасна акција на домашните шутираше од околу 16 метри, топката се одби од Митев и непредвиливо го лобуваше Захов

 

ГООООЛ - 1-2 - 18’ - Петров нафрли откосо од левата страна од слободен удар, а пред голот на домаќинот најдобар во скокот со глава беше Адемовиќ кој го постигнува својот деби гол во дресот на Вардар 

 

ГООООЛ - 1-1 - 15’ - Хименез убаво нафрли од десната страна на втора статива, каде Петров од неколку метри рутински ја смести топката во голот на Зајас 

 

11’ - Вардар напаѓа, Симјаноски се обидува со шут од 18 метри, но домашниот голман не дозволува израмнување 

 

ГОЛ - 1-0 - 6’ - Грешка на Стојчевски во нашата одбрана, по што Шаќири украде една топка го проигра на спротивната статива Османи кој носи водство за домашниот тим 

 

3’ - Убав шут на Петров од 18 метри, но Мустафовски одбрани 

 

1’ - Стартуваше натпреварот во Кичево 

 

* Шефот на стручниот штаб Боби Милевски се одлучи со комбиниран тим да настапи на натпреварот против второлигашот Зајас на дуелот од 1/16-финалето во Купот на Македонија денеска на Градскиот стадион во Кичево.

 

Во првиот тим нема да бидат стандардните првотимци, Таневски, Рељиќ, Темелков, Лазаревски, Костовски, како и повредените Стојков и Ѓоргиев, а деби во вардаровиот дрес ќе има за младинскиот репрезентативец Стојчевски. Деби настап сезонава ќе има и за десниот бек Роберт Митев, а за прв пат стартер ќе биде и Жарко Симјаноски


Последни вести

Следен
Претходен
Табела
Календар